Friday, December 5, 2014

Податоци за болеста


Аутизам е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст. Аутизмот делува на процесирањето информации во мозокот, со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат. Како доаѓа до оваа појава сѐ уште не е познато. Другите две нарушувања од спектарот на аутизмот (НСА) се синдромот Аспаргер, којшто не се одликува со заостанатост во когнитивниот развој и во јазикот, и ПНР-Н (первазивното нарушување во развојот - неодредено), кој се дијагностицира во случаи кога не се комплетно исполнето критериумите за другите два синдроми.Аутизмот има цврста генетска основа, но генетскиот состав на аутизмот е сложен и не е јасно дали НСА се објаснува повеќе со ретки мутации, кои имаат огромни ефекти, или пак со мултигенски интеракции на нормалните гени. Во ретки случаи аутизмот е поврзан со фактори кои предизвикуваат вродени малформации. Постојат и многу контроверзни теории за некои причинители, кои што можат да произлезат од опкружувањето, како што се тешките метали, пестицидите или вакцините, кои се примаат во раното детство. Хипотезите за вакцините се биолошки невозможни и не се потврдени со достојни научни докази. Аутизмот се појавува кај 1-2 од 1000 луѓе. Распространетоста на НСА е 6 луѓе од 1000, со тоа што се јавува 4 пати повеќе кај машката популација отколку кај женската. Бројот на луѓе, кои се дијагностицирани дека страдаат од аутизам почна драстично да се зголемува од 1980тите, делумно поради промените во дијагностиката. Причините за зголемениот број на случаи со аутизам се непознати.Родителите обично ги забележуваат симптомите во првите две години. Симптомите обично се развиваат постепено, но има исклучоци кај некои деца со аутизам, кои отпрво се развиваат нормално, а потоа нивниот развој назадува. Иако преземањето мерки во поглед на воспитување или учење за спознавање на светот уште во раниот период од детството може да им помогне да станат способни да се грижат за самите себе, да комуницираат и да се социјализираат, не постои лек којшто делува 100 процентно. Не многу деца со аутизам се осамостојуваат и живеат независно по стекнувањето полнолетство, иако некои од нив стануваат успешни. Развиена е и култура на аутистите, во рамките на која што некои бараат лек, додека пак други веруваат во тоа, дека аутизмот не треба да се третира како нарушување, туку да се толерира како разлика.

Карактеристики

Аутизмот е многу променливо нарушување во психолошкиот развој, коешто најпрво се појавува за време на многу раното детство или во малку подоцнежниот период од детството, и во главно продолжува со иста брзина на развивање, без намалување на интензитетот. Очигледните симптоми се појавуваат постепено по 6-месечна возраст, веќе можат да се потврдат од 2 до 3-годишна возраст, и имаат тенденција да продолжуваат да се појавуваат во зрелите години, но често во променета форма. Аутизмот не се утврдува со само еден симптом, туку со карактеристичната тројка од симптоми: нарушувања во способноста за социјализација, нарушувања во способноста за комуникација и ограничени интереси и повторливо однесување. Има и други чести симптоми, како необичниот начин на јадење, но тие не се пресудни при дијагностицирањето. Карактеристичните симптоми на аутизмот се појавуваат низ целиот свет, и на тој начин што аутистите не се разликуваат драстично од остатокот од населението, при што исто така нема и некоја остра линија помеѓу поблагите и потешките патолошки случаи на аутизам.

Комуникација
Околу една третина од лицата со аутизам не развиваат доволно говорни способности за да ги задоволат потребите за дневна комуникација. Уште во првата година од животот на детето можат да се забележат необичности во комуникацијата, како задоцнет почеток на обидите за зборување/мумлање, необични гестикулации, необрнување на внимание на надворешните дразби и неогдоварање на истите, како и начини на обид за комуникација со гласови, кои што не биле научени од негувателот. Во втората и третата година од животот, аутистичните деца немаат толку чести мумлања, испуштања на гласови, зборови или комбинирање на истите, и нивните гестикулации се ретко проследени со зборови. Мала е веројатноста дека аутистичните деца ќе ги изразат нивните побарувања или дека ќе ги споделат нивните искуства, туку поголема е веројатноста тие дека тие едноставно ќе ги повтроуваат зборовите на луѓето околу нив (ехолалија) или дека погрешно ќе ги употребат личните заменки. Невербалната комуникација и гестикулациите се неопходни за да се оствари успешно разговор со аутистите, и недостатоците во способноста за правилна невербална комуникација и гестикулирање се тие, по кои што може да се препознае бебе со НСА, на пример бебето може да гледа во раката што покажува кон некој предмет, а не во посочениот предмет, и тие постојано не успеваат во обидот да покажат кон некој предмет на којшто сакаат да искоментираат или во врска со којшто сакаат да споделат некое искуство. Може да се случи аутистичните деца да имаат проблем со претворањето на симболите во јазик.
Во неколку истражувања направени врз група од аутистични деца во возраст од 8 - 15 години и група од возрасни аутисти, кои се споредуваа со соодветни контролни групи од луѓе кои немаат аутизам, се утврди дека децата аутисти ги завршија задачите за основни познавања на јазикот, кои вклучуваа задачи за фонд на зборови и за правилно пишување, исто толку добро како контролната група од деца, додека групата возрасни аутисти ги завршија задачите подобро од контролната група. Но и двете групи од аутисти дадоа полоши резултати на јазичните задачи како метафорично изразување, разбирање и изведување заклучок. Со оглед на тоа што луѓето првенствено се мерат според нивните основни јазични способности, овие истражувања покажуваат дека е голема веројатноста да тој, што зборува со аутист, го преценува неговиот капацитет и колку тој разбира од разговорот.




Развој на општествено ниво
Неспособноста за вклопување во општеството е тоа, по коешто се разликуваат аутизмот и сличните нарушувања од спектарот на аутизмот (НСА) од другите болести, кои се карактеризираат со нарушувања во развојот. Луѓето, кои имаат аутизам, многу тешко се вклопуваат во општествтото и често ја немаат таа интуиција за другите, која што пак другите луѓе ја земаат здраво за готово. Познатата аутистка Темпл Грендин ја опиша нејзината неспособност да ја разбере општествената комуникација на неврообичните, т.е. на луѓето со нормален психички развој, како чувството коешто би го имал „антрополог, кога би отишол на Марс“.
Невообичаениот развој во поглед на вклопување во општеството станува воочлив во раното детство. Аутистичните бебиња обрнуваат помалку внимание на општествените стимуланси, поретко се смеат, поретко ги гледаат другите околу нив и поретко одговараат на нивното име. Аутистичните дечиња поочигледно отскокнуваат од општествената норма, на пример поретко имаат директен контакт, поретко се вртат на повик и поверојатно е да комуницираат со тоа што би ја движеле раката на на некој друг. Аутистичните деца од 3 до 5 годишна возраст уште помалку покажуваат дека го разбираат општеството, тие им приоѓаат на други луѓе спонтано, имитираат, реагираат на емоции, комуницираат невербално и се вртат кога некој ќе ги повика. Но, сепак тие развиваат поврзаност со нивниот првичен негувател. Повеќето аутистични деца не развиваат таква поврзаност со негувателите, која ја доживуваат како заштита од општеството, за разлика од децата кои не се дијагностицирани со аутизам, но оваа разлика ја нема помеѓу обичните деца и децата со повисок степен на психички развој или понизок степен на НСА. Постарите деца и возрасните со НСА покажуваат полоши резултати на тестовите за препознавање на лица и емоции.
Токму спротивно на популарното мислење, аутистите не уживаат да бидат сами. Но често се покажува дека на аутистите им е тешко да се спријателат и да го одржат пријателството. За нив, она што покажува колку се осамени е длабината на пријателствата, а не бројот на пријатели кои ги имаат. Функционалните пријателства, како оние кои може да резултираат со покани за забави, можат да имаат огромно влијание врз квалитетот на нивниот живот.
Има многу непотврдени извештаи, а многу малку систематски истражувања во врска со агресивност и насилство кај лица со НСА. Овие малку податоци покажуваат дека кај децата со нарушувања во психичкиот развој аутизмот се поврзува со агресија, уништување на имот и гневност. За време на едно истражување во 2007 година, се испитаа родители на 67 деца со НСА, и резултатите покажаа дека околу две третини од децата имаа периоди со напади на гнев, а околу една третина имаа значително подолго минато на агресивност со напади на гнев, во споредба со деца кои немаат аутизам, а имаат пречки во јазикот. Едно истражување во Шведска од 2008 година покажа дека од лицата со 15 години, кои биле пуштени од болница и биле дијагностицирани со НСА, поголема е веројатноста дека тие, кои што вршат насилни криминални дела, да имаат други психопатолошки нарушувања, како на пример психоза.




Механизам

Симптомите на аутизмот произлегуваат од промените на различни системи на мозокот, кои се поврзани со процесот на зреење. Не е баш јасно какосе појавува аутизмот. Неговиот механизам може да се подели на 2 дела: патопсихологијата на деловите на мозокот и процесите кои се одвиваат во него, која што е поврзана со аутизмот, и невропсихолошките врски меѓу деловите на мозокот и нивното меѓусебно однесувањата. Се покажало дека однесувањата имаат повеќебројни патопсихологии.


Патопсихологија
За разлика од многу други болести на мозокот, како што е Паркинсоновата болест, аутизмот нема еден единствен механизам на ниту едно ниво - ниту на молекуларно, ниту на клеточно, ниту на ниво на систем на организмот, и не се знае дали аутизмот всушност претставува неколку нарушувања предизвикани од мутации на неколку чести молекуларни патишта, или пак (како интелектуалната неспособност) е комбинација од повеќе нарушувања со различни механизми. Се покажало дека аутизмот е резултат на фактори за развој, кои што имаат влијание на сите функционални мозочни системи, и дека аутизмот всушност влијае само на времетраењето на мозочниот развој, а не на финалниот производ. Невроанатомските истражувања и обидите за наоѓање на врска со тератоген наложуваат дека механизмот на аутизмот вклучува промени на развојот на мозокот набрзо по неговото оформување. Оваа аномалија пак предизвикува редица од последователни патолошки процеси во мозокот, кои што се под силно влијание на факторите на опкружувањето. Веднаш по раѓањето, мозоците на аутистичните деца имаат тенденција да растат побрзо отколку што е нормално, а потоа во детството нивниот раст е нормален или релативно спор. Не е познато дали предвременото пребрзо растење на мозокот е случај кај сите аутистични деца. Меѓу хипотезите за клеточна и молекуларна основа за патолошкото предвремено пребрзо растење на мозокот се вбројуваат:
• Прекумерен број на неврони, кои што предизвикуваат локална прекумерна поврзливост во клучните делови од мозокот
• Нарушено мигрирање на невроните во раниот период од бременост
• Нарушени центри за стимулирање или спречување
• Неправилно формирање на синапсите и дендритите, на пример при модулација на неурексинскиот и неуролигинскиот систем од поврзувачки клетки, или пак со лошо регулирана синтеза на синаптичкиот протеин. Неправилниот развој на синапсите може исто да предизвика појава на епилепсија, што може да ја објасни поврзаноста на двете состојби. Комуникацијата меѓу одбранбениот и нервниот систем почнува рано во ембрионалната фаза од животот, и дали невролошкиот развој ќе биде успешен и правилен зависи од балансираноста на реакциите на одбранбениот систем. Можно е абнормалната активност на имунитетниот систем во критични периоди за невролошкиот развој да биде дел од механизмот на некои форми на НСА. И покрај тоа што се пронајдени одредени аномалии на имунитетниот систем кај одредени подгрупи на лица со аутизам, не се знае дали овие аномалии се важни или секундарни фактори за механизмот на аутизмот. Со оглед на фактот, што автоантителата не можат да се најдат кај лица со НСА, за разлика од другите состојби, врската помеѓу нарушувањата на одбранбениот систем и аутизмот останува нејасна и контроверзна.
Врската меѓу хемискиот состав на невроните и аутизмот не е комплетно јасна. Неколку молекули се испитани и резултатите најмногу укажаа кон серотонинот и разликите во начинот на неговото пренесување, кои што се зависни од индивидуалната генетска комбинација. Некои податоци укажуваат на пораст на некои од хормоните за раст, додека пак други податоци тврдат дека факторите за раст се намалени. Исто така, аутизмот се поврзува и со некои вродени аномалии на метаболизмот, но ова е најверојатно случај кај помалку од 5 % од случаите.
Теоријата за аутизам поврзана со системот од рефлектирачки неврони (СРН) ја негува претпоставката дека нарушениот развој на СРН ја нарушува способноста за имитација, што пак е предизвикувач на основните одлики на аутизмот - нарушена способност за социјализација и тешкотии во комуникацијата. СРН почнува да дејствува во случај кога некое животно прави нешти или кога тоа гледа некое друго животно како прави нешто. СРН може да помогне при процесот човекот да ги разбере другите околу него, со тоа што тој човек се моделира според нивниот начин на однесување и ги отелотворува нивните дејства, намери и чувства. Неколку истражувања ја тестираа оваа хипотеза, со тоа што ги демонстрираа структурните аномалии на центрите со СРН кај лица со НСА, задоцнувањата во активацијата и пренесувањето на електричните импулси кај рефлектирачките неврони („задолжени“ за имитација) кај лица со синдромот Аспергер, кои се наоѓаат во кората на мозокот, а исто така покажаа дека има поврзаност помеѓу намалената активност на СРН и степенот на развој на аутизмот. Но сепак, аутистичните лица имаат абнормален начин на работење на мозокот во однос на пренесувањето на електричните импулси во многу други делови од мозокот, а не само во СРН, и теоријата за СРН не го објаснува способноста на аутистите совршено да имитираат некоја задача, ако таа вклучува цел или предмет.
Начините како се одразува слабото функционирање или задоцнетите реакции на мозокот, кои што биле предизвикани од НСА синдромот, се разликуваат според тоа дали мозокот врши некоја социјална или несоцијална задача. Има докази кај одредени случаи на аутизам за намалена функционалност на центарот, кој се активира кога мозокот е пасивен (будно се одмара), еден од поголемите центри на мозокот, одговорен за обработување на социјалните и емоционалните задачи на мозокот, додека пак функционалноста на центарот кога мозокот е активен, којшто е одговорен за задржување на вниманието и насочено размислување за некоја цел, е неоштетена. Кај аутистите, овие два центри временски не се спротивни, што значи дека има нарушеност во процесот на исклучување на едниот и приклучување на другиот центар, што може да е причина за нарушената способност за размислување за себе си. Едно истражување за отсликување на мозокот од 2008 година пронајде специфичен тип на сигнали во цингуларниот кортекс, којшто е различен кај лицата со НСА.
Теоријата за нефункционалност претпоставува дека аутизмот се карактеризира со нефункционални врски и синхронизација на невроните, кои се задолжени за задачи на високо ниво, како и со премногу процеси на ниско ниво. Доказите за ова беа најдени при истражувања за функционалната магнетска резонанција, во кои што учествуваа неколку аутисти, како и при истражување за мозочни бранови, кои што покажаа дека кај возрасните лица со НСА има појава на локална хиперактивност во кортексот, а слаба активност и поврзаност помеѓу фронталниот лобус и остатокот од кортексот. Други докази пак укажуваат на тоа, дека нефункционалните врски постојат само во рамките на двете хемисфери на кортексот одделно и дека аутизмот е всушност нарушување на асоцијативниот центар на кортексот.
При истражувања засновани на електро-физиолошките одговори на мозокот на внатрешна или надворешна стимулација, краткотрајни промени на електричната активност на мозокот предизвикани како одговор на стимул, добиени се значајни докази и за разликите кај аутистите во поглед на концентрација, реагирање на звучни и визуелни стимулиации, забележување на новини, обработување на јазик и лица, како и складирање информации. На пример при истражувања за магнетна енцефалографија кај аутистични деца, се пронајдоа докази за задоцнување на одговор од мозокот, кога станува збор за обработување на звучни сигнали.







http://www.ugd.edu.mk

No comments:

Post a Comment